Достапни линкови

logo-print

Филипинскиот претседател со пофалби за Путин


Претседателот на Филипини Родриго Дутерте

Претседателот на Филипини Родриго Дутерте

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ја нарече Русија “голема земја” на својата прва средба со неговиот руски колега Владимир Путин. Двајцата лидери се сретнаа вчера на маргините на самитот на Азиско-пацифичката група за соработка АПЕК кој се одржува во Лима, Перу.

Дутерте го нападна западот за “малтретирање” и ”хипокризија” додавајќи дека кога се работи за сојузи на Соединетите Американски Држави не може да им се верува. Путин му честита на победата на Дутерте на изборите што се одржаа во мај и рече дека Филипини веќе направиле многу за изградба на доверба меѓу двете земји.

Дутерте ги повтори заканите и вербалните тиради против САД, долгодошниот сојузник на земјата. Пред да отпатува во Перу, тој рече дека ако Русија и Кина одлучат да напрват “нов ред” во светот, тој ќе биде првиот што ќе им се придружи.

XS
SM
MD
LG