Достапни линкови

logo-print

Десетици загинати во железничка несреќа во Индија


Спасувачи и преживеани околу остатоците од возот што излета од шините, Утар Прадеш, Индија, 20.11.2016

Спасувачи и преживеани околу остатоците од возот што излета од шините, Утар Прадеш, Индија, 20.11.2016

Најмалку 96 луѓе загинаа, а околу 150 се повредени откако воз излета од шините во северната индиска држава Утар Прадеш. Како што соопштија властите несреќата се случила рано денеска во градот Канпур. Спасувачите употребуваат тешка механизација за од остатоците на експресниот воз да ги извадат телата на загинатите и да ги извлечат преживеаните.

Се уште не се знае причината зошто возот излетал од шините. Министерот за транспорт Суреш Прабу рече дека ќе бидат преземни акции притив тие кои се одговорни за несреќата.

Смртоносните железнички несреќи се чести во Индија каде што железничката инфраструктура е доста стара.

XS
SM
MD
LG