Достапни линкови

logo-print

Ирачката војска напредува во Мосул


Борби во близина на воениот аеродром Тал Афар западно од Мосул, Ирак, ноември 2016 година

Борби во близина на воениот аеродром Тал Афар западно од Мосул, Ирак, ноември 2016 година

Ирачките војници се соочуваат со цврст отпор од борците на Исламска држава како што навлегуваат во источен Мосул со воздушна поддршка од меѓународната коалиција предводена од САД.

Генералот на специјалните ирачки сили Сами ал-Ариди денеска рече дека милитантите на ИД во источен Мосул се борат со снајпери и ракетни гранати. Западно од Мосул шиитските милитанти вчера ја преземаа целосната контрола врз воениот аеродром Тал Афар. Џаафар ал-Хусеини, портпарол на една од милитантните групи- Бригадите на Хезболах, рече дека во судирите речиси целосно е уништен аеродромот.

Милитантите од Исламска држава го заземаа Мосул, вториот по големина град во Ирак, летото во 2014 година. Офанзивата за преземање на градот која почна на 17 октомври е најголема воена операција во Ирак по повлекувањето на американските војници во 2011 година. Според Обединетите нации повеќе од 56 000 цивили се принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на операцијата.

XS
SM
MD
LG