Достапни линкови

logo-print

Телото на полскиот претседател Качински презакопано во Краков


Архивска фотографија- Остатоци од авионот на полскиот претседател Лех Качински, Смоленск, април 2010 година

Архивска фотографија- Остатоци од авионот на полскиот претседател Лех Качински, Смоленск, април 2010 година

Телата на полскиот претседател Лех Качински и неговата жена Мариа, беа презакопани во Краков откако беа откопани поради новата истрага за авионската несреќа во Смоленск во 2010 година во која загинаа.

Околу 50 луѓе присуствуваа на церемонијата вчера, вклучително и неговиот брат близнак, Јарослав Качински, актуелниот претседател Андрзеј Дуда и премиерот Беата Сиздло. Поранешниот претседател е прв кој беше откопан поради истрагата која се очекува да трае најмалку една година.

Авионот на Качински падна при обидот за слетување во Смоленск на 10 април 2010 година при што загинаа сите 96 патници, меѓу кои десетици полски политичари и воени лица. Шест години подоцна инцидентот продолжува да предизвикува конспирации и да ги отежнува релациите меѓу Полска и Русија според чија истрага падот се случил поради лошо време и пилотска грешка.

XS
SM
MD
LG