Достапни линкови

Холандски експерт за тероризам предупредува на опасност во Европа


Поддржувач на Исламска држава со знамето на терористичката група во Ирак

Поддржувач на Исламска држава со знамето на терористичката група во Ирак

Координаторот на Холандија за борба против тероризмот проценува дека терористичката организација Исламска држава има меѓу 60 и 80 оперативци во Европа кои се подготвени да извршат терористички напади. Во интервју за агенцијата Асошиејтед Прес објавено денеска холандскиот национален координатор Дик Шуф вели дека Исламска држава на своите поддржувачи во Европа им вели „да не одат во Сирија туку да бидат подготвени за напади во Европа“.


Тој вели дека Европа успеала да го намали бројот на потенцијалните борци на ИД кои патуваа кон Блискиот исток во последниве години, но дека тоа не значи дека нема потенцијална опасност од оние кои патувале. Тој додава дека успехот во борбата против борците на ИД во Ирак и во Сирија ги распрснува нивните поддржувачи низ други делови од светот.


XS
SM
MD
LG