Достапни линкови

logo-print

Руски авион следен во Швајцарија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна на самитот на АПЕК во Перу

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна на самитот на АПЕК во Перу

Руската амбасада во Швајцарија денеска испратила писмо до швајцарската влада во кое изразува „збунетост“ и бара објаснување зошто борбените авиони на швајцарската армија го придружувале авионот кој ја носел руската делегација на самиот на АПЕК низ швајцарскиот воздушен простор. Инцидентот се случи вчера кога авионот во кој беше пренесуван дел од руската делегација која одеше на самитот на азиско-пацифичката група за економска соработка во Лима, Перу, беше придружуван од швајцарски авиони додека минуваше низ швајцарскиот воздушен простор.

Планираното патување не беше нарушено и авионот продолжи застанувајќи на следната станица во Лисабон, Португалија за да наполни гориво.Како и да е, таму леталото имало механички проблеми поради што Русија испратила друг авион.Делегацијата и новинарите кои одат да известуваат за настанот се очекува да го продолжат патот со резервното летало. Од инцидентот не беше засегнат рускиот претседател Владимир Путин кој патуваше за Лима со друг авион од Сочи.

XS
SM
MD
LG