Достапни линкови

logo-print

Далај Лама во посета на Монголија


Архивска фотографија- Далај Лама во посета на Чешка

Архивска фотографија- Далај Лама во посета на Чешка

Тибетскиот духовен лидер Далај Лама се сретна со будистичките верници во Монголија на почетокот на четири дневната посета која предизвика силно обвинувања од Кина. Стотици верници чекаа на студеното време денеска за да се сретнат со 81 годишниот Лама. Некои од нив патуваа стотици километри, дури и од соседна Русија.

Монголскиот министер за надворешни работи вчера рече дека владата нема ништо со приватната посета на Лама кој е и добитник на Нобеловата награда.

Претходно портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи рече дека Пекинг силно се спротиставува на сепаратистичките активности на Далај Лама против Кина во која било земја и во чие било име.
Кина изврши анексија на Тибет во 1951 година, а Далај Лама е во егзил од 1959 година.

XS
SM
MD
LG