Достапни линкови

Египет- Казна затвор за претседателот на синдикатот на новинари


Архивска фотографија- Седница на судот во Каиро

Архивска фотографија- Седница на судот во Каиро

Судот во Египет го осуди првиот човек на синдикатот на новинари и двајца членови на извршниот одбор на синдикатот на две години затвор поради прикривање бегалци. Претседателот на синдикатот Јахиа Калаш и двајца други денеска беа осудени и на парична казна од 650 американски долари.

Случајот започна во април кога полицијата во седиштето на синдикатот во Каиро пронајде двајца новинари барани поради наводна вклученост во протестите против одлуката за префрлување на контролата врз два острова во Црвеното море од Египет на Саудиска Арабија.Судот дозволи осудените да бидат на слобода во текот на жалбената постапка доколку платат 615 000 долари.



XS
SM
MD
LG