Достапни линкови

САД ќе престане со купување руски хелихоптери


Сенаторот Крис Марфи

Сенаторот Крис Марфи

Пентагон го известил конгресот дека планира да престане со купување на руските хелихоптери Ми17 за Авганистан и дека ќе почне да купува американски хелихоптери, соопштија законодавците од државата Конектикат.

Сенаторот Крис Марфи при објавувањето на одлуката рече дека тој никогаш не разбрал зошто американската влада ги дава парите на даночните обврзници на Русија која го поддржува режимот на Башар ал Асад во Сирија и врши инвазија во источна Украина. Одделот за одбрана соопшти дека ќе почне да купува хелихоптери што се произведени во Конектикат.

Санкциите кон Русија воспоставени од западните сили поради нејзината агресија во Украина ја попречуваа испораката на руски хелихоптери во делови од Авганистан во последните две години.

XS
SM
MD
LG