Достапни линкови

logo-print

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија


Архивска фотографија- регистриран земјотрес

Архивска фотографија- регистриран земјотрес

Земјотрес со интензитет од пет степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во 00 часот и 23 минути во Гевгелија и Богданци, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил почувствуван и во Валандово и Струмица со интензитет од четири до пет степени, како и во Скопје со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција со магнитуда од 5,1 степен според Рихтеровата скала.

XS
SM
MD
LG