Достапни линкови

logo-print

Тим на ММФ во Киев - економијата закрепнува


Рон ван Руден, шеф на тимот на мисијата на ММФ кој беше во посета на Киев.

Рон ван Руден, шеф на тимот на мисијата на ММФ кој беше во посета на Киев.

Економијата во Украина покажува значи на закрепнување, соопштуваат од тимот на Меѓународниот монетарен фонд кој беше во посета на земјата. Според нив силата и издржливоста на закрепнувањето ќе зависи од напредокот во спроведувањето на реформите.

Рон ван Руден, шеф на тимот на мисијата на ММФ, кој беше во посета на Киев од 3-ти до 17 месецов, рече дека стапката на економски раст на Украина се очекува да достигне 1 ипол процент во 2016 година, а следната година да достигне околу 2,5 проценти.

Во денешното соопштение од тимот на ММФ се наведува дека „решителни чекори треба особено да се преземат во борбата против корупцијата, која останува најчесто споменувана пречка за водење на бизнис во Украина“. Тимот на ММФ забележал видливи резултати во справувањето со корумпираните службеници на високо ниво. Согласно со политиката на ММФ, извештаите изработени од тимот кој бил во посета на земјата, се со цел да се пренесат првичните наоди и не ги одразуваат ставовите на Извршниот одбор на ММФ.


XS
SM
MD
LG