Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Пропаднаа лагите на Груевски за жолти комбиња


Архивска фотографија - Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ на која тој објави прислушувани разговори. Скопје, 16.06.2015

Архивска фотографија - Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ на која тој објави прислушувани разговори. Скопје, 16.06.2015

Никола Груевски, Сашо Мијалков и нивните соучесници извршиле државен удар со досега невидено кршење на правата и слободите на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ за случајот Таргет што денеска го отвори СЈО.

„Пропаднаа сите лаги на Никола Груевски за странски служби и жолти комбиња. Јавноста сфати зошто Груевски со месеци бега од јавна и транспарентна судска постапка, како што ветуваше, и соочување со граѓаните, за да даде одговор на прашањата кој, како и зошто прислушкувал во Македонија“, стои во соопштението. Од СДСМ велат дека прислушувањето е обид за воведување целосна диктатура и поништување на правото на приватност преку следење на граѓаните. Од таму додаваат дека за незаконското прислушување Груевски и Мијалков и сите останати мора да одговараат.

Денеска СЈО објави новата истрага наречена Таргет. Според обвинителството од страна на УБК нелегално биле прислушувани најмалку 5.800 телефонски броеви. Потоа од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека целта на СЈО е да се покријат скандалозните изјави и ветувања на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дадени пред албанската дијаспора во Швајцарија. Според ВМРО-ДПМНЕ, специјалната обвинителка Катица Јанева потврдила дека е продолжена рака на Заев.


XS
SM
MD
LG