Достапни линкови

ОН бараат Турција да ги ослободи новинарите од затвор


Специјалниот известител на ОН за правото на слобода на мислење и изразување, Дејвид Кеј, март 2016.

Специјалниот известител на ОН за правото на слобода на мислење и изразување, Дејвид Кеј, март 2016.

Специјалниот известител на ОН за правото на слобода на мислење и изразување, Дејвид Кеј, денеска ја повика Турција да ги ослободи сите новинари кои се наоѓаат во затвор, оценувајќи дека нивните апсења не се соодветни на потребите на владата да ја заштита јавната безбедност, јавуваат американските медиуми.

Во изјава дадена на крајот од седумдневната посета на Турција, Кеј кажа дека ја разбира потребата на турската Влада да преземе мерки против терористичките закани и да ги заштити своите граѓани, но нагласи дека „тоа не значи дека владата има одврзани раце да работи што сака за да ја ограничи слободата на изразување“.

Официјалниот претставник на светската организација наведе дека во затворите во Турција во моментов се наоѓаат околу 155 новинари.

XS
SM
MD
LG