Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е во политичка кампања


Прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за случајот Таргет.

Прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за случајот Таргет.

Целта на Специјалното јавно обвинителство е да се покријат скандалозните изјави и ветувања на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дадени пред албанската дијаспора во Швајцарија, пишува во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на денешниот прес на СЈО. Според ВМРО-ДПМНЕ, специјалната обвинителка Катица Јанева потврдила дека е продолжена рака на Заев и, како што велат, без ниту еден доказ, ја погазила правната фела и влегла во политичка кампања.

„Јанева, денеска не објасни како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и сите останати функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа лицата кои беа најприслушувани. Таа срамно се обиде да го покрие аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател Зоран Верушевски“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска СЈО објави новата истрага наречена Таргет. Според обвинителството од страна на УБК нелегално биле прислушувани најмалку 5.800 телефонски броеви.

XS
SM
MD
LG