Достапни линкови

Обама и европските лидери за зајакнување на НАТО


Американскиот претседател Барак Обама и клучните лидери на земјите членки на Европската Унија се согласија за потребата од зајакнување на НАТО и за продолжување на транс-атланската агенда.

Обама, во Берлин, имаше заедничка средба со лидерите на Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија, на крајот од неговата последна европска турнеја како претседател на САД.

Во заедничката изјава по состанокот, лидерите се заложиле за дипломатско решение на конфликтите во Сирија и во источна Украина.

Според Белата Куќа, била постигната согласност и дека Русија мора да го поддржи договорот од Минск за запирање на конфликтот во Украина, а се додека тоа не се случи, ќе останат санкциите на Западот против Русија.

XS
SM
MD
LG