Достапни линкови

logo-print

Алијев негира дека ја ограничува слободатата на печатот


Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев зборува на Светскиот конгрес на новински агенции во Баку.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев зборува на Светскиот конгрес на новински агенции во Баку.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев ги отфрли обвинувањата дека неговата влада ја ограничува слободата на печатот. Тој зборувајќи денеска пред одбрана група на учесници на Светскиот конгрес на новински агенции во Баку, рече дека фактот што 75 отсто од Азербејџанците имаат пристап до интернет и дека повеќе од 2 милиони имаат сметки на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук докажуваат дека земјата нема проблеми со слободата на информирањето. Но претседателот избегна директно да одговори на прашањата на потпретседателот на Асошиејтед прес Џон Данишевски за затворените новинари во 2015, како и за прашањето за затворањето на бирото на Радио Слободна Европа во Баку.

Алиев, исто така, го обвини Западот за кршење на правата на новинарите.

Според рангирањето на Репортери без граници, Азербејџан се наоѓа на 163 место од вкупно 180 земји. Во извештајот на Репортери без граници Алиев се обвинува за уривање на сите форми на плурализам и водење на немилосрдна војна против своите критичари.

XS
SM
MD
LG