Достапни линкови

logo-print

Судири на грчката полиција со група анархисти


Судири на грчката полиција со анархисти, од 2015 година

Судири на грчката полиција со анархисти, од 2015 година

Припадници на грчката полиција синоќа во Атина се судрија со група анархисти, кои организираа насилни протести во знак на одбележување на 43-годишнината од почетокот на студентскиот бунт на атинскиот Политехнички универзитет. Анархистите се собрале близу комплексот на Политехничкиот универзитет, каде што во 1973 година започна бунтот на студентите против воената хунта во земјата. До инцидентот дојде кога тие почнале да фрлаат со камења, петарди и молотови коктели кон припадниците на полицијата, кои на нападот одговориле со солзавец и шок бомби.

Според грчките медиуми, при судирите полицијата уапсила најмалку двајца демонстранти. Нема информации за повредени.

XS
SM
MD
LG