Достапни линкови

Времето сончево, со магла по котлините


Охридско Езеро

Охридско Езеро

Времето во Македонија ќе биде сончево. По одделни котлини и по речните долини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура се движи од минус четири до еден, а дневната ќе биде од 11 до 16 степени.

Во Скопје сончево со слаб југоисточен ветер и со појава на слаба магла. Утринската температура се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има слаба магла, а во утринските часови на повеќе места температурата ќе се спушти под нулата.

XS
SM
MD
LG