Достапни линкови

logo-print

Турција следната година ќе го заврши ѕидот на границата со Сирија


Патрола кај ѕидот на границата меѓу Турција и Сирија. 01.11.2016

Патрола кај ѕидот на границата меѓу Турција и Сирија. 01.11.2016

Турција веќе изградила 269 километри од ѕидот на границата со Сирија и планира целосната изградба да заврши кон средината на 2017 година, изјави денеска во Парламентот министерот за одбрана Фикри Ишик.

Во рамките на проектот „Систем за физичка безбедност на границата“ предвидено е да биде изграден ѕид долг 825 километри, од кои изградени се 269 километри.

„Ние планираме да изградиме ѕид долж целата граница до средината на идната година. Изградбата на ѕидот е дел од мерките за неутрализирање на опасноста од терористичките групи во регионот“, посочи Ишик.

XS
SM
MD
LG