Достапни линкови

Украина чекор поблиску до безвизен режим во ЕУ


Улица во Луксембург каде е обележан почетокот на Шенген зоната. 27.01.2016

Улица во Луксембург каде е обележан почетокот на Шенген зоната. 27.01.2016

Земјите членки на Европската унија се чекор поблиску на Украина да и одобрат безвизен режим, откако амбасадорите на ЕУ и дадоа зелено светло на извршната власт за нови разговори за олеснување на правилата.

Со денешната одлука амбасадорите на ЕУ му даваат на Европскиот Совет мандат да работи со Европскиот Парламент на процедуралниот механизам.

Киев одамна бара безвизен режим во Шенген зоната, но некои земји од ЕУ стравуваат од прилив на работници од Украина кои ќе работат за пониска плата и ќе направат притисок врз пазарот на труд. Европа е загрижена и за зголемената миграција на континентот.

XS
SM
MD
LG