Достапни линкови

Исчезнато оружје од воен склад во Белград


Илустративна фотографија.

Илустративна фотографија.

Од еден од складовите со вооружување и муниција во гарнизонот Белград исчезнале 70 полуавтоматски пиштоли, пет автоматски пушки и два сандаци муниција, соопшти денеска српското Министерство за одбрана.

Недостатокот во вооружување бил утврден при редовна контрола на состојбата на материјалните средства.

Министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на војската на Србија формирале комисија задолжена за утврдување на причините „за предизвикувањето на овој вонреден настан“, а министерот наредил и вонредна контрола на сите магацини со лично вооружување и опрема, се напоменува во соопштението на министерството.

Во истражните дејствија се вклучени Военобезбедносната агенција, Воената полиција и Обвинителството, се наведува од Министерството за одбрана и се додава дека за резултатите од истрагата јавноста благовремено ќе биде известена.

XS
SM
MD
LG