Достапни линкови

logo-print

Младен Иваниќ го презеде претседателството со БИХ


Новиот српски претставник во босанското колективно претседателство, Младен Иваниќ.

Новиот српски претставник во босанското колективно претседателство, Младен Иваниќ.

Српскиот претставник во босанското колективно претседателство, Младен Иваниќ, од денеска во следните осум месеци ќе претседава со ова тело. Претседателството функционира според принципот на ротација.

Иваниќ потврди дека односите меѓу Белград и Сараево се затеганти заради инцидентот во Сребреница, кога беше нападнат српскиот премиер Александар Вучиќ.

Според него проблем се и односите на претходниот претседател на босанското претседателство Бакир Изетбеговиќ кон српското државно раководство.

Младен Иваниќ смета дека односите меѓу Сараево и Белград се обременети и од откажувањето на посетата на српскиот претседател Томислав Николиќ на Босна и Херцеговина, заради апсењето на воениот командант на Сребреница Насер Ориќ.

„Услов за поправање на овие односи, што е во интерес на Босна и Херцеговина, е многу потолерантниот пристап што треба да дојде од бошњачките политички кругови, отколку што до сега доаѓаше, изјави Иваниќ.

XS
SM
MD
LG