Достапни линкови

logo-print

Русија го блокираше Линкедин


Русија: логото на линкедин на екран на монилен телефон. 26.10.2016

Русија: логото на линкедин на екран на монилен телефон. 26.10.2016

Руската Агенција за телекомуникации, Роскомнадзор, официјално им нареди на интернет провајдерите да ја блокираат веб-страницата за професионално вмрежување Линкедин.

Агенцијата денеска соопшти дека спроведува судска одлука откако било утврдено дека веб-станицата не е во согласност со законот кој бара личните податоци на руските граѓани да бидат чувани на серверите во Русија.

На 10 ноември судот во Москва ја отфрли жалбата на Линкедин против пресудата.

Портпаролот на Роскомнадзор за Интерфакс изјави дека од Линкедин барале средба со официјални лица да сикутираат за ова прашање.

Рускиот закон за чување податоци беше дел од пакетот законои за следење на комуникациите потпишани во јули 2014 година од страна на претседателот Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG