Достапни линкови

Мигранти предизвикаа инциденти на Хиос


Мигранти кампуваат во близина на пристаништетот на Хиос. 04.04.2016.

Мигранти кампуваат во близина на пристаништетот на Хиос. 04.04.2016.

Во кампот Суда на грчкиот остров Хиос во текот на ноќта дошло до немири меѓу мигрантите, кои потоа предизвикувале инциденти и низ градот.

Мигранти и бегалци, главно од Африка, запалиле шатори, а локалните медиуми јавија дека поголемиот дел од кампот бил уништен. Тие кршеле шофершајбни на автомобили и излози. Полицијата интервенирала и биле уапсени засега непознат број на мигранти и бегалци.

Според ЕРТ, синоќа во 23 часот група мигранти и бегалци влегле во продавница и украле голем број петарди и огномет и го палиле низ градот и во близина на куќи. Тие, исто така, фрлале камења врз автомобили во движење. Полицијата ја блокирала областа и употребила солзавец.

XS
SM
MD
LG