Достапни линкови

logo-print

Обама и Меркел на приватна вечера


Претседателот на САД Барак Обама во Атина, 16.11.2016.

Претседателот на САД Барак Обама во Атина, 16.11.2016.

Американскиот претседател Барак Обама имал приватна вечера со германскиот канцелар Ангела Меркел во хотелот каде што е сместен во Берлин. За денеска е планирана нивна официјална средба по која треба да одржат конференција за печатот. Обама пристигна во Германија, на втората станица од неговата последна меѓународна туреја како претседател на САД, откако претходно престојуваше во Грција. По Германија тој патува за Перу каде што ја завршува турнејата. Обама ќе биде претседател до 20 јануари кога ќе биде инаугуриран Доналд Трамп.

XS
SM
MD
LG