Достапни линкови

logo-print

Косовската полиција уапси 19 лица поврзани со ИД


илустрација

илустрација

Косовската полиција соопшти дека уапсила 19 лица, во последните 10 дена, под сомнение дека се поврзани со ИД и дека планирале напад на Косово и во Албанија. Во соопштението на косовската полиција, се наведува дека осомничените биле во контакт со припадникот на ИД, Лавдрим Муџахериј, самопрогласениот „командант на Албанците во Сирија и Ирак“, од кого примале наредби за напад. „Тие планирале терористички напад на Косово и напад врз израелската фудбалска репрезентација и нејзините навивачи за време на натпреварот Албанија – Израел“, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG