Достапни линкови

logo-print

Медведев: Апсењето на министерот е вонреден настан


Премиерот на Русија Дмитриј Медведев

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев

Апсењето на министерот за економски развој на Русија, Алексај Улјукајев, е "вонреден настан за Владата и органите во целина", рече премиерот Дмитриј Медведев. Алексеј Улјукаев беше уапсен на 15-ти ноември, откако беше обвинет за изнудување поткуп од 2 милиони евра од рускиот државен нафтен гигант Роснефт. Судот нареди Улјукаев , кој ги негира обвиненијата, да остане во куќен притвор до средината на јануари. Говорејќи на состанокот на владата денеска , Медведев повика на темелна истрага за случајот, нагласувајќи дека "апсолутно сите граѓани" се еднакви пред законот. "Судот мора да го затвори поглавјето за целиот процес", рече тој. Улјукаев беше министер за економски развој од 2013 година.

XS
SM
MD
LG