Достапни линкови

Парламентот на Бугарија ја прифати оставката на Борисов


Премиерот на Бугарија Бојко Борисов

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов

Бугарскиот парламент денеска ја прифати оставката на премиерот Бојко Борисов, чиј кандидатка загуби на последните претседателски избори.

Досегашниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев утре почнува консултации за формирање на нова влада, што треба да ја сочинуваат експерти кои ќе организираат предвремени парламентарни избори.

На претседателските избори во Бугарија победи кандидатот поддржан од социјалистите, Румен Радев со 59,35 отсто од гласовите, додека кандидатот на премиерот и неговата конзервативна партија ГЕРБ, Цецка Цачева, освои 36,17 отсто од гласовите.

Борисов е на власт од 2009 година, а беше повторно избран на крајот на 2014 година. Неговиот мандат требаше да истече во 2018 година.

Радев ќе ја преземе функцијата на 22 јануари.

XS
SM
MD
LG