Достапни линкови

Самоубиствен напад во Авганистан, шестмина загинати


Припадници на авганистанските безбедносни сили во близина на воената база Баграм

Бомбаш-самоубиец се разнесол пред возило кое превезувало припадници на силите за безбедност, во главниот град Кабул, при што загинале 6 лица, сооштија официјални лица на Авганистан. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава. Во денешниот напад во Пул-е Махмуд Кан, област во близина на комплексот на Министерството за одбрана, исто така, биле повредени најмалку 10 лица. Министерството за внатрешни работи соопшти дека меѓу загинатите и повредените има цивили и припадници на безбедносните сили. Претседател Ашраф Гани го осуди нападот, велејќи дека "терористите не можат да ги постигнат своите цели со ширење страв ".

XS
SM
MD
LG