Достапни линкови

Обама:На светот му треба силна Европа


Претседателот на САД Барак Обама

Претседателот на САД Барак Обама

Американскиот претседателот Барак Обама во Атина изјави дека траекторијата на САД како земја е да ги поддржи напорите на оние кои веруваат во само-владеење и дека историјата покажува дека земјите со демократското владеење имаат тенденција да бидат повеќе од стабилни. "Следниот американски претседател и јас имаме многу различни точки на гледање", меѓутоа "американската демократија е поголема од било кое едно лице", изјави тој во говорот. Обама, исто така, вети дека неговата влада ќе стори сé што е за поддршка на непречена транзиција.
Обама вели дека "најдобра надеж за човечкиот напредок остануваат отворените пазари", но дека има потреба и од поправање на курсот. Тој вели дека земјите мора да се осигура дека придобивките ќе бидат широко споделени со народот . Обама изајви дека верува оти европската интеграција и ЕУ остануваат едни од најголемите достигнувања на човечката историја и оти денес, повеќе од кога на светот му треба Европа која е силна, просперитетна и демократска.

Обама пристигна во Грција во вторникот на неговата последна турнеја во странство како претседател на Соединетите Американски Држави.

XS
SM
MD
LG