Достапни линкови

logo-print

Комитетот на ОН ја осуди руската анексија врз Крим


Совет за безбедност на ОН во Њујорк во октомври 2016

Совет за безбедност на ОН во Њујорк во октомври 2016

Комитетот на ОН за човекови права одобри нацрт резолуција со која се осудува „руската привремена окупација на Крим“ и се потврдува посветеноста на ОН за суверенитетот на Украина врз полуостровот на Црното море. Резолуцијата која е подготвена од Украина и поддржана од САД, Франција и Велика Британија, на гласањето е усвоена со 73 гласа за, 23 против и 76 воздржани. Резолуцијата следниот месец оди на гласање пред Генералното собрание на ОН. Русија силно лобира против резолуцијата, отфрлајќи ја како "политички мотивирана" и "еднострана". Народот на Крим "избра да гласа на историскиот референдум за обединување со Русија", рече рускиот Министерство за надворешни работи Анатолиј Викторов. Меѓу земјите кои ја поддржаа Русија во спротивставувањето на резолуцијата се Кина, Иран, Индија, Сирија, Јужна Африка, Казахстан, Србија и Северна Кореја. Во резолуцијата се осудува злоупотребата и дискриминација на жителите на полуостровот во Крим. Украинскиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Куслутсуа изјави дека состојбата со човековите права е влошена во Крим со "вонсудски убиства, заплашувања, произволни апсења, тортура" и репресија на слободата на говорот.

XS
SM
MD
LG