Достапни линкови

logo-print

Корупцијата најголем проблем, сметаат една третина од граѓаните во Европа и Азија


Во најновиот извештај на Транспаренси интернешнал се наведува дека еден од тројца граѓани кои живеат во регион од Европа до централна Азија сметаат дека корупцијата е најголем проблем со кој се соочува нивната земја. Во извештајот се вклучени и повеќето земји од Европската унија. Половината од граѓаните пак, се со оценка дека нивните влади недоволно прават за намалување на оваа појава во јавниот сектор. Извештајот насловен како „Глобален барометар на корупцијата 2016“ е базиран врз интервјуа со 60 илјади луѓе во 42 земји. Според него, најзагрижени се граѓаните во Молдавија каде што 67 насто од граѓаните го посочиле проблемот со корупцијата. На Косово, Украина и БиХ тој процент е 50 насто. Во Македонија нешто помалку од половината граѓани сметаат дека корупцијата е најголем проблем.

XS
SM
MD
LG