Достапни линкови

ЕК ќе предложи проверки за влез во Шенген зоната


Европската комисија ќе предложи проверка за секој кој влегува во Шенген зоната од третта земја, дури и ако нејзините граѓани имаат безвизен режим со ЕУ. Овој план е сличен со системот што го користат Соединетите држави, а со кој се бара луѓето да платат и да пополнат документ со детали за нив пред да им биде дозволено да влезат во некоја земја од Шенген зоната. Сумата што треба да се плати, според извори на Радио Слободна Европа, ќе биде помала од 10 евра, а одговорот на барањето ќе биде во истиот ден кога и тоа ќе биде поднесено. Членките на ЕУ и Европскиот парламент се очекува да ја прифатат мерката која би требало да стапи во сила до 2020 година.

XS
SM
MD
LG