Достапни линкови

logo-print

Оланд бара Трамп да не се откажува од климатскиот договор


Францускиот претседател Франсоа Оланд за време на прес конференцијата во Мароко.

Францускиот претседател Франсоа Оланд за време на прес конференцијата во Мароко.

Францускиот претседател Франсоа Оланд го повика новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп да го почитува Парискиот договор за климатските промени. Тој посочи и дека Франција ќе ги предводи разговорите за прашањето со Трамп во име на стоте земји кои го ратификуваа договорот. Холанд ја даде изјавата за време на климатската конференција на ОН во Мароко каде ја пофали и улогата на американскиот претседател во заминување Барак Обама за усвојување на договорот во минатата година.

Трамп за време на неговата изборна кампања истакна дека тој нема да го прифати договорот и дека нема да спроведе некои од политиките за климатски промени на администрацијата на Обама.

XS
SM
MD
LG