Достапни линкови

Хан стравува од зголемен национализам во Србија


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска изјави дека стравува од нови националистички случувања за време на претседателските избори во Србија имајќи ги предвид имињата на одделни кандидати. Но, тој посочи и дека верува во умерените и проевропски позиции на премиерот Александар Вучиќ, кој според Хан, ја потврдил европската перспектива како стратешка цел.

Хан во интервју за виенскиот весник „Стандард“ на прашањето дали Србија ќе биде принудена да се приклучи кон санкциите на ЕУ за Русија, истакна дека во овој момент ќе биде контрапродуктивно да се направи силен притисок врз Белград.


XS
SM
MD
LG