Достапни линкови

Рускиот министер за економија обвинет за поткуп


Рускиот министер за економија Алексеј Уљукајев

Рускиот министер за економија Алексеј Уљукајев

Руските истражители покренаа обвинение против министерот за економија Алексеј Уљукајев, откако тој беше притворен под сомнение дека примил поткуп од 2 милиони долари со цел да ја олесни продажбата на државниот нафтен гигант Роснеф на компанијата Башнефт. Уљукајев е првиот висок функционер кој е притворен од 1991 година во земјата.

Рускиот премиер Дмитри Медведев повика на потемелна истрага. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека претседателот Владимир Путин бил информиран за случајот кога била покрената истрагата. Доколку биде осуден Уљукајев се соочува со казна затвор до 15 години.

XS
SM
MD
LG