Достапни линкови

Обамa ја афирмира посветеноста на САД кон НАТО


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама по денешната средба со неговиот грчки колега Прокопис Павлопулос во Атина изјави дека од витално значење за САД и за НАТО е Европа да биде силна и обединета. Според него, новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ги почитува меѓународните сојузи на земјата кога ќе стапи на функцијата во јануари наредната година.

Тој на грчкиот претседател му посочил дека и демократите и републиканците ја разбираат важноста на НАТО во транс-атланските односи. За време на изборната кампања, Трамп изјави дека тој можеби би се откажал од политиката на заштита на земјите сојузници на САД во НАТО.


XS
SM
MD
LG