Достапни линкови

Јанева негира дека била член на СДСМ


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ги негираше наводите дека била член на опозициската партија СДСМ. Во изминатиот период во неколку медиуми беше објавена фотографија на уплатница за наводна верификација на членството на Јанева во партијата.

„Се работи за невистинити документи. Јас никогаш ниту сум била член на политичката партија СДСМ, ниту пак сум извршила уплата за наводна верификација на членство на оваа политичка партија“, се наведува во соопштението на СЈО.

Од СЈО апелираат до медиумите во иднина пред да објават вести во кои се повикуваат на наводни документи, да ја проверат веродостојноста на документите на кои се повикуваат од субјектите посочени како нивни издавачи, а во насока на правилно и точно информирање на јавноста. Од обвинителството бараат и од надлежните органи да ја испитаат злоупотребата на личните податоци на Јанева.

XS
SM
MD
LG