Достапни линкови

logo-print

Додон: Молдавија нема да ги промени односите со ЕУ


Игор Додон

Игор Додон

Новоизбраниот претседател на Молдавија со проруска ориентација Игор Додон ги отфрли стравувањата дека ќе се откаже од историскиот договор со ЕУ. Додон на изборите ја победи прозападната политичарка Маја Санду на гласањето на 13 ноември. За време на изборната кампања тој се заложи дека ќе го смени правецот на земјата кон ЕУ, вклучително и Договорот за стабилизација и асоцијација постигнат во 2014 година.

Но на денешната прес конференција во Кишињев, Додон изјави дека не планира да ги промени односите на Молдавија со ЕУ, инсистирајќи дека тој истовремено само сака подобри врски со Русија.

XS
SM
MD
LG