Достапни линкови

logo-print

Средба на Јилдрим и Путин во декември


Турскиот премиер Бинали Јилдирим

Турскиот премиер Бинали Јилдирим

Турскиот премиер Бинали Јилдирим ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 5 и 6 декември, јавија медиумите од земјата. Во изминатите месеци Москва и Анкара ги нормализираа односите откако пред една година, турски воен авион собори руски бомбардер близу границата со Сирија. Според медиумите, посетата на Путин на Турција е со цел забрзување на процесот за нормализирање на билатералните односи меѓу двете земји како и зголемување на соработката во Сирија и во Ирак.

Јилдрим изјави и дека сириските опозициски сили, напредуваат кон градот Ал Баб кој е под контрола на борците на милитантната група Исламска држава. Сириските бунтовници кои се поддржани од Турција вчера ја започнаа офанзивата.

XS
SM
MD
LG