Достапни линкови

Обама пристигна во Грција


Барак Обама пристигна во Грција на првата станица од неговата проштална турнеја како американски претседател. Тој денеска ќе разговара со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас. Утре во Атина ќе има обраќање за демократијата и глобализацијата, а потоа заминува за Берлин. Над 5 илјади полицајци се ангажирани на улиците на Атина за посетата на Обама. Тој е прв американски претседател што ја посетува Грција по престојот на Бил Клинтон во 1999 година. Од Германија Обама ќе замине за Перу на Азиско економскиот самит, а во Вашингтон се враќа на 19 ноември.

XS
SM
MD
LG