Достапни линкови

Американска тортура врз шеесетина затвореници во Авганистан


илустрација

Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд во Хаг соопшти дека има „разумна основа“ да верува дека САД извршиле воено злосторство со тоа што била вршена тортура врз затвореници во Авганистан. Станува збор за најмалку 61 затвореник кои биле лошо третирани за време на нивното сослушување, се наведува во извештајот објавен вчера. Дополнителни 27 луѓе биле тортурирани од ЦИА, а повеќето злосторства се случиле меѓу 2003 и 2004 година кога американски претседател беше Џорџ Буш. САД никогаш го нема ратификувано договорот за формирање на овој суд, но бидејќи злосторствата се случиле во земји кои го имаат прифатено судот како Авганистан, судот има право да поведе постапка. Во реакцијата на Стејт департментот се наведува дека САД не веруваат дека истрагата била соодветна.

XS
SM
MD
LG