Достапни линкови

logo-print

Путин телефонски разговарал со Трамп


Претседателот на Русија Владимир Путин синоќа телефонски разговарал со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и изразил подготвеност за подобрување на односите и партнерството со новата американска администрација врз принципи на заемно почитување и немешање во внатрешните работи. Во соопштението на Кремљ се наведува дека Путин и Трамп се согласиле дека односите меѓу двете земји се во „многу лоша состојба“ и оти е неопходна заедничка работа за нивна нормализација. Путин и Трамп се договориле да ги продолжат телефонските контакти, а во иднина и да се состанат, се наведува во соопштението на Кремљ.

XS
SM
MD
LG