Достапни линкови

Обама: САД ќе ги зачува сојузите и за време на Трамп


Барак Обама и Доналд Трамп на првата средба откако Трамп беше избран за претседател на САД, Вашингтон 10.11.2016.

Барак Обама и Доналд Трамп на првата средба откако Трамп беше избран за претседател на САД, Вашингтон 10.11.2016.

Американскиот претседател Барак Обама пред заминувањето на турнејата која опфаќа три земји, Грција, Германија и Перу изјави дека САД со Доналд Трамп на чело ќе бидат „неопходна земја“ за глобалната безбедност. Притоа тој го пофали новоизбраниот претседател поради ветувањето дека ќе ги зачува американските сојузи. „Постои огромен континуитет кои не прави неопходна земја кога е во прашање одржувањето на редот во светот“, изјави Обама на прес конференцијата во Вашингтон пред неговото последно патување во странство како американски претседател. Обама додаде дека при средбата со Трамп го советувал да се обиде да го врати единството во земјата.

XS
SM
MD
LG