Достапни линкови

Силни безбедносни мерки во Атина поради посетата на Барак Обама


Aмериканскиот претседател Барак Обама

Aмериканскиот претседател Барак Обама

Грчките власти преземаат силни безбедносни мерки пред утрешната дводневна посета на американскиот претседател Барак Обама на Атина. Обама утре пристигнува во Атина, а в среда ќе замине за Берлин, како дел од последната посета во странство.

Грчката полиција денеска објави забрана за јавни собири во центарот на Атина и во предградието, каде се наоѓа еден од луксузните хотели во градот. Безбедносните мерки стапуваат во сила неколку часа пред пристигнувањето на Обама. Најмалку 3.000 полицајци ќе бидат распоредени, додека главните булевари и патишта во центарот на Атина ќе бидат затворени за автомобили и периодично за пешаци.

Анархистите и левичарските партии планираат протести за време на посетата на Обама, а вооружена анархистичка група повика на „напади и судири“.

XS
SM
MD
LG