Достапни линкови

logo-print

Николовски бара отворање постапка за тендерот за браната Речани


Дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски денеска ги повика Државната комисија за спречување на корупцијата, обвинителствата и надлежните институции да покренат постапки за тендерот што го добиле „Трансмет“ и „Силекс неметали“ за изградба на браната Речани на Оризарска Река. Како што истакна Николовски, тендерот од скоро 26 милиони евра бил објавен без да биде обезбедено одобрение од Владата, а одлуката за јавната набавка ја потпишал министерот Михаил Цветков на 28 октомври.

„Фирмите на кои им е доделен тендерот од 25 милиони евра се во директна врска со главните медиуми кои ја поддржуваат власта“, посочи Николовски.

Министерството за земјоделство, пак, реагира дека обвинувањата од Николовски немаат врска со реалноста и оти тој дал театрална изјава за лична промоција.

XS
SM
MD
LG