Достапни линкови

logo-print

Косово добива свој повикувачки телефонски број


Косово соопшти дека е постигнат договор за телекомуникациите со Србија, кој ќе и овозможи на оваа држава да има свој меѓународен повикувачки број, осум години по прогласувањето независност. Се очекува Меѓународната унија за телекомуникации да му го даде на Косово повикувачкиот број 383, кој ќе почне да го користи од 15 декември. За возврат, Србија ќе може да регистрира компанија за мобилна телефонија за српското население во Косово. Приштина, која во моментов ги користи повикувачките броеви на Монако, Србија и Словенија, соопшти дека за оваа услуга досега платило околу 200 милиони евра.

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска оцени дека договорот „ја засилува позицијата на Косово“ во областа на телекомуникациите и го отвора патот кон процесот на дигитализација.

Шефот на пратеничката група на движењето „Самоопределување“, Глаук Коњуфца, пак, оцени дека договорот за примена на спогодбата Белград-Приштина за телекомуникации е лош, го поткопува суверенитетот на Косово и на Србија и остава можност да ги контролира телекомуникациите на Косово.

XS
SM
MD
LG