Достапни линкови

logo-print

Зелено светло за нов договор меѓу ЕУ и Азербејџан


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

Министрите за надворешни работи од ЕУ дадоа зелено светло за нов „сеопфатен договор“ за поблиски односи со Азербејџан. На денешниот состанок во Брисел, министрите и дадоа мандат на Европската комисија и на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, да преговараат за нов договор. Тој ќе треба да го замени договорот за партнерство и соработка од 1996 година, кој досега ги регулираше односите меѓу Брисел и богатата со нафта и гас кавкаска држава. Договорот ќе биде помалку детален од спогодбите за асоцијација што ги имаат другите три држава од Источното партнерство – Грузија, Украина и Молдавија. Веројатно ќе се разговара за основните права, трговските прашања и енергетската соработка, а се очекува преговорите да траае повеќе од две години.

XS
SM
MD
LG