Достапни линкови

logo-print

Горивата поевтинуваат за три денари


Илустрација: Бензинска пумпа

Илустрација: Бензинска пумпа

Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за три денари по литар. Според oдлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС - 95 ќе се продава по 60 денари, Еуросупер БС-98 за 62 денари, Еуродизелот за 47 денари и Екстра лесното масло за домаќинството 35,5 денари за литар.

Се намалува и цената на мазутот и ќе се продава по 21,947 денари за килограм.

Намалувањата на цените се должат на промените на цените на суровата нафта на светските берзи и курсот на денарот во однос на американскиот долар.

XS
SM
MD
LG