Достапни линкови

logo-print

Москва подготвена за подобрување на односите со САД


Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков зборува пред Државната дума на 19 октомври 2016

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков зборува пред Државната дума на 19 октомври 2016

Москва соопшти дека е подготвена да работи брзо за подобрување на односите со Вашингтон, сега кога Доналд Трамп е избран за претседател на САД.

„Руската страна е подготвена, без губење време, да почне да работи на поправање на односите со САД, кои беа доведени во криза, во ќорсокак од страна на администрацијата во заминување“, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков, пренесува ТАСС.

Сепак, тој признава дека руските власти знаат малку за политичките планови на Трамп и оти има разлика меѓу ветувањата во изборната кампања и политиките што ќе ги спроведува откако ќе стапи на функција.

„Треба да судиме по делата, а не по сигналите или ветувањата“, рече тој.

Односите на Москва со Вашингтон и неговите западни сојузници се на најлошо ниво по завршувањето на Студената војна, откако Русија го анектираше Крим и ги поддржа сепаратистите во источна Украина.

Трамп изјави дека ќе има „многу, многу добри односи“ со рускиот претседател Владимир Путин и оти ќе биде подобар преговарач со Путин од актуелниот претседател Барак Обама.

XS
SM
MD
LG